• 20.04.2021 17:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ДЕМОНСТРАНТИ ПРЕД СИ-ЕН-ЕН: Срам да ви е!

BySarissa Editor

Nov 21, 2020

Приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп протестираат во Аталанта заради резултатите во Џорџија според кои Џо Бајден добил повеќе гласови. Демонстрантите се собрале пред седиштето на Си-Ен-Ен, извикувајќи пароли против ТВ куќата и обвинувајќи ја за ширење лажни вести.

Учесниците, како што известуваат медиумите, носат американски знамиња и транспаренти со натписи „Да ја направиме Америка повторно голема“!

Основачот на движењето „Walkaway“ Брандон Страка предводел група демонстранти кои пред Си-Ен-Ен извикувале: Срам да ви е!

Трамп повеќе пати ја обвинуваше Си-Ен-Ен за лажни вести против него и за пристрасност во известувањето.

Претходно Трамп најави дека во тек на денот ќе биде објавена мошне важна информација за изборната измама во Џорџија.

„Пристигнува важна информација за изборната измама во Џорџија. Бидете тука“, напиша Трамп на Твитер.