• 03.08.2021 22:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Денес започна запишувањето во средните училишта во Македонија

Bysrs-editor

Jun 14, 2021

Од денеска почнува запишувањето во прва година средно образование во новата учебна година. Слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Освен денеска, во јунскиот уписен рок запишувања ќе има и во наредните три дена. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени во четврток по 16 часот.

Квалификациското тестирање ќе се организира идниот понеделник и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни.

Од вкупниот број слободни места во прва година средно, 19.602 се во стручното образование, а нешто повеќе од 9.000 се во гимназиите.