• 30.07.2021 07:54

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дигиталната технологија го менува начинот на работа на археолозите

Bysrs-editor

Mar 21, 2021

Можностите на дигиталната технологија денес како никогаш досега го доближуваат минатото и историјата како до археолозите така и до обичните граѓани кои може да се запознаат и да видат како низ историјата изгледале одредени локалитети и објекти. Со оваа технологија се реконструираат и цели населби, како на пример Врбјанска чука кај Прилеп, најголемата неолитска населба во Македонија каде 8.000 години пред нашата ера живееле едни од првите земјоделци на европските простори. Тука се откриени масивни градби, амбари, печки, места за мелење на житото. Денес можеме точно да видиме како изгледал животот тука пред околу 10 милениуми.

„Успеваме да ја осознаеме целата организација на населбата без воопшто да се ископува. Од друга страна направивме реконструкција, 3Д анимациии на тоа што го имаме откриено. Потоа со бројни други лабораториски анализи ии дигиталнии помагала успеваме да дознаеме дури и што јаделе луѓето, точно кога живееле, како вид на материјали се користени во населбата за градбите, нешто што претходно не беше познато“, вели Гоце Наумов, претседател на Центар за истражување на предисторијата.

Со помош на модерните технологии се изврши и трод+имензионално моделирање на 5 локалитетите во Македонија од римскиот период. Скупи, Баргала, Хераклеа, Виничко Кале, доцноримско термално лекувалиште кај Банско. Целта била да се добијат точни податоци за нив затоа што имало некозистентност во публикуваната документација за одрени градби и локалитети од овој период. За една градба имало повеќе планови кои меѓусебно не соодветствувале.

„Дополнително како деривати од тродимензионалното моделирање, покрај оние сегменти коии се потребни за анализирање или непосредно за научно – истражувачката работа, исто така добиваме и тродимензионални модели кои се ставени слободно за користење на интернет и тие модели можат да се користат во рамки на виртуелни тури, едукативни тури за пошироката јавност“, додаде д-р. Христијан Талевски, научен соработник во ЈНУ „Институт за старо-словенска култура“.

Преку овие методи во иднина се планира рекогностирање на просторот кај локалитетот Баба кај Прилеп, но и да се изврши мапирање на потенцијалното културно наследство околу современиот град Прилеп. Со тоа нашето културно и историско богарсво уште повеќе би се доближило до граѓаните.