• 25.06.2021 14:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Bysrs-editor

May 18, 2021

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја напушти земјата во рок од седум дена.

Како што соопшти македонското МНР, на 14 мај бил повикан амбасадорот на Руската федерација, при што била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти земјата.

Министерството нагласува дека одлуката е донесена во согласност со членот 9 од виенската конвенција за дипломатски односи.

Од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје потврдуваат дека македонските власти прогласиле вработен во амбасадата за персона нон грата.