• 25.06.2021 13:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Договорена првата средба меѓу Бајден и Путин, ќе се состанат во јуни во Женева

Bysrs-editor

May 25, 2021

Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Русија Владимир Путин, за прв пат ќе се состанат во јуни, а нивната средба ќе биде организирана во Швајцарија, јавуваат американските медиуми.

Американски “CNN” пренесува дека Бајден и Путин ќе се состанат на 15-ти и 16-ти јуни, на крајот на првото меѓународно патување на Бајден откако станал претседател на таа земја.

За нивната прва средба избрана е Женева, а оваа недела би требало да се состанат советниците на двајцата лидери за да ги договорат сите детали за состанокот.

Досега Путин и Бајден само разговарале телефонски во април, кога било договорено да се состанат и во живо во некоја трета држава во наредните месеци и да разговараат за спектарот на прашања со кои се соочуваат двете земји.

Американскиот претседател притоа истакнал дека неговата цел е да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија, но во склад со интересите на САД.