• 22.04.2021 00:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Доживотни робии за неуспешниот пуч во Турција

ByJane Jancheski

Apr 8, 2021

Поранешните највисоки офицери во турската армија се доживотно затворени во масовното судење на 497 обвинети за неуспешниот пуч во јули 2016 година. Меѓу осудените се и двајца мажи кои упаднаа во државната телевизија за да го објават пучот во живо. Десетици илјади луѓе се притворени во врска со неуспешниот пуч, во кој загинаа 251 цивил.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвини муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен за поттикнувач на заговорот за пуч. Ѓулен, некогаш сојузник на претседателот Ердоган, негираше вмешаност.

За неуспошниот пуч одржани се вкупно 289 судења, според новинската агенција Анадолу. Повеќето од обвинетите беа членови на полкот за претседателска гарда на Турција.