• 21.04.2021 04:22

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Државен удар во Мјанмар, власта му е предадена на главниот командант на оружените сили

Рано утрово, војската ја упаси Анг Сан Су Чи, како и претседателот Вин Минта, потврди портпарол на Националната лига за демократија, партијата која победи на изборите, но тензиите се зголемија минатата недела.

Во видео обраќање, што е објавено на телевизија под контрола на војската, е истакнато дека власта му е предадена на главниот командант на оружените сили, генерал Мин Анг Хлаингу.

Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.

Моментно не е познато како ќе се развива ситуацијата, а политичката криза не е единствениот проблем со кој се соочува Мјанмар. Во земјата се потврдени над 140.000 случаи на коронавирус, а доколку се организираат големи протести, веројатно вирусот ќе се прошири уште повеќе и дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.

Во меѓувреме, Националната лига за демократија на многу популарната Анг Сан Су Чи, која веќе беше на власт, освои 83 отсто од 476 места во Парламентот, но војската тврди дека открила 10 милиони случаи на измами и побара од изборната комисија да ги објави изборните листи поради проверка.