• 30.07.2021 14:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Државна изложба на детски ликовни творби на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

BySarissa Editor

Dec 9, 2020

Од 07 до 20 декември 2020 година во Фоајето на НУ Центар за култура – Битола се реализира 45. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е воспоставена во 1975 година и во 2020 година го има своето 45-то издание во континуитет. Изложбата која е најстара од овој вид во Македонија, па и пошироко, преку својот творечки континуитет, покажува дека зададената тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат свежина и потенцијал.

Тенденцијата е да се поттикнат и насочат младите генерации да се запознаат со народната култура за да создаваат дела инспирирани од традицијата но во духот на секојдневието предизвикува голем интерес и творечки порив. Преку реализацијата на изложбата, илјадници деца, заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетитот народен мозаик.

Народни носии, везовите, ткаените изработки, изработките од бакар, сребро и злато, копаничарството, како и многу други делови од материјалното и духовното културно наследство претставуваат цел на детскиот интерес и инспирација. Токму таа активност, истражувањето инспирацијата и креацијата, обезбедуваат континуитет на долгата културна традиција.

Оваа година со свои колекции на изложбата да учествуваа 64 основни училишта од Македонија со преку 1.500 творби од кои што најуспешните 630 се изложени пред јавноста. За потребите на Изложбата е напечатен соодветен Каталог, а жири комисијата во состав Панде Петровски – ликовен уметник, Весна Дунимагловска – ликовен педагог и Блаже Павловски – историчар на уметност ги додели традиционалните наградите на најуспешните.