• 20.04.2021 13:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Државниот архив на Македонија одбележува 70 години постоење

Bysrs-editor

Mar 24, 2021

Оваа година Државниот архив одбележува 70 години постоење откако во 1951 година Народното собрание на НР Македонија го усвоило Законот за државните архиви со кој било поставено создавањето на тогашниот Државен архив на НР Македонија.

Од Државниот архив велат дека оваа институција се развила во еден од столбовите на македонската државност и ризница на колективната меморија.

– Денес Државниот архив се стреми да биде современа институција која го промовира културно-историското наследство на државата во меѓународни рамки, истовремено настојува да го фати чекорот на глобалната модернизација во функционирањето на светските архиви – се наведува во соопштението.

Свечената академија по повод годишнината од основањето, ќе се одржи на 1 април годинава во 12 часот, во НУ „Музеј на македонската борба“, а присутните ќе може да се запознаат со изложба и со три нови изданија, кои треба да го прикажат историјатот на Архивот и документарното богатство што го поседува.