• 25.06.2021 14:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Државното земјоделско земјиште се продава за да можат земојделците да го окрупнат својот капитал

ByHristijan Risteski

May 17, 2021

Целта на продажбата на државното земјоделско земјиште е ситните земојделци да се здружат и да го окрупнат поседот за да може да имаат поголем профит и компетититвност на домашнито и странските пазари, смета премиерот Зоран Заев. Со окрупнувањето на земјиштето тие ќе имаат пристап до поголеми средства за кредит од банките а со парите од продажбата ќе се финансира гасификацијата на државата и локалните самоуправи.

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа смета дека со законот ќе се развие економијата, предност ќе имаат земојделците кои веќе имаат државно земјиште под закуп а странски државјани ќе може да купат само ако имаат инвестиција над 30 милиони евра.

Критиките во јавноста главно се однесуваат на можноста во законот земјоделското земјиште по 10 години да се пренамени во градежно и за цената која се движи од 30 центи до едно евро за метар квадратен. Националната федерација на фармери не се согласува со новиот бидејќи сметаат дека е лоша политика да се врши продажба на земоделското земјиште и пренамена на земјоделското земјиште во градежно. Тие потсетуваат дека 40 проценти од вкупното обработливо земјиште, и околу 80 проценти од пасиштата се во државна сопственост што е значаен ресурс кој мора да се чува и управува.

„Најавите дека ќе бидат продавани само крупни парцели, ќе ги стави семејните земјоделски стопанства во подредена положба, со оглед дека тие се со слаб инвестиционен капацитет и со мала можност за подигање на кредити за купување на земјиштето. Во таков случај ова на долг рок може да предизвика нивно постепено напуштање на земјоделството и на руралните средини“

Оттаму предлагаат да се формира Фонд за управување со државното земјоделско земјиште кој би бил извршен орган за спроведување на сите мерки и активности на земјишната политика и веднаш да се изработи земјишен регистер.