• 15.04.2021 08:54

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

д-р Поповски до Заев: Срамота ако не знаеш! Еве да ти кажам зошто Југославија ја држеше Бугарија во сенка!

BySarissa Editor

Nov 25, 2020

Д-р Петар ПОПОВСКИ 

Срамота. Овој господин (Зоран Заев, н.з.) не знае зашто, всушност, Југославија, како што вели, “НЕ ДРЖЕШЕ РАЗДЕЛЕНИ СО БУГАРИЈА. ..?” Па, еве да му кажеме за во иднина да не прави гафови, смешни за упатените. Југославија ја држеше Бугарија во длабока сенка во поглед на светската политичка и економска комуникација, САМО И САМО ПОРАДИ НЕПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО БУГАРИЈА. Го нарекувам НАРОД, а не МАЛЦИНСТВО, бидејќи и денес, во ова наше време, е мнозински народ во таа земја, дел индокринирано, кое по разни околности (политички притисоци и негирации) го загубило своето национално чувство и сознание, но дел кое си го знае своето македонско потекло. Почитуваниот наш високо-авторитетен државник Стане Доланц на два пати беше во Бугарија со намера да го убеди неговото државно раководство да се ослободи од своите национал-шовинистичко-хегемонистички гледања кон Македонија и Македонците, како би дошло до подобрување на меѓудржавните односи. Меѓутоа, без резултат. Тоа се потврди и при посетата на премиерката Милка Планинц на Бугарија во 1984-та година, кога и конечно Бугарија требаше да го признае македонскиот народ во таа земја. Меѓутоа преку ноќ го промени својот став, што, како што ми е познато, пред се, од бугарски извори со кои комуницирав, како шеф на пулот на југословенските новинари при посетата на Планинц, тоа се случило под притисок од нанекој надворешен центар на моќ. Како последица на тоа меѓудржавните односи меѓу двете земји и натаму останаа непроменети, на исто, – неповолно ниво. Тоа е вистината која треба да ја знае господинот, кога настапува со официјални изјави врзани за односите на Титова Југославија со Бугарија. Повод за изјавата: “БУГАРИЈА НЕ Е ФАШИЗАМ, ТУКУ НАШ ПРИЈАТЕЛ. ЈУГОСЛАВИЈА НЕ ДРЖЕШЕ РАЗДЕЛЕНИ, ВЕЛИ ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА “БГНЕС”.