• 04.08.2021 09:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ЕБОР ги зголемила инвестициите во 2020 година на рекордни 11 милијарди евра

BySarissa Editor

Jan 14, 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ги зголемила инвестициите за 10 проценти во 2020 година за да помогне во ублажување на тешките економски последици од корона-кризата, но учеството на зелените инвестиции паднало нагло.

Банката инвестираше рекордни 11 милијарди евра во 2020 година, финансирајќи 411 проекти. Во 2019 година тие финансираа 452 проекти во кои инвестираа 10,1 милијарди евра.

Најголемата сума е инвестирана минатата година во проекти во регионот на Источна Европа и Кавказот, нешто повеќе од две милијарди евра, со што се зголеми финансирањето за 6,7 проценти. Тие инвестираа 1,47 милијарди евра во регионот на Централна Европа и балтичките држави со што инвестициите се зголемени за 4,2 проценти.

Инвестициите повторно беа концентрирани во приватниот сектор – 72 проценти од вкупните инвестиции. Во кризните мерки, банката се фокусираше на поддршка на краткорочна ликвидност и обртни средства на „одржливи компании“, се вели во соопштението.