• 25.06.2021 08:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ЕУ размислува за воведување економски санкции против Белорусија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија ќе разговараат за воведување економски санкции против Белорусија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел.

Причината е принудното слетување на патнички авион на „Рајанер“ во Минск на 23 мај и притворањето на новинарот Роман Протасевич и неговата пријателка.

– Киднапирањето на авионот и приведувањето на двајцата патници е целосно неприфатливо и ќе почнеме да разговараме за воведување на секторски и економски санкции, изјави Борел пред неформалниот состанок во Лисабон.

Тој додаде дека работата во новата рунда санкции против Белорусија е во напредна фаза, но не изнесе повеќе детали.