• 21.04.2021 09:52

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Живеам без ниту еден денар, има денови кога ни леб не сум ставила во уста“

BySarissa Editor

Mar 18, 2021

Последните месеци живеам без ниту еден денар, најстудените зимски денови ги минував без струја,има денови кога ни леб не сум ставила во уста, имам најави дека и овој стан ќе ми биде одземен поради неплаќање на кирија, вели низ солзи Анче во емисијата „Срце на дланка“.

Анче Стојова во емисијата на Алфа телевизија ја раскажа својата трогална и тажна приказна низ солзи.

На 3,5 години мајка ми ме оставила во дом заедно со мојот брат, со изговор дека живеела под кирија, затоа што работела цел ден и била самохрана мајка.

Комшиите ја пријавиле дека не се грижела доволно добро за нас. Не качила во автобус и не оставила во домот ,,11 октомври” во Капиштец. Доаѓаше да не гледа еднаш месечно, кога си одеше јас многу плачев, брат ми беше овде да ме тешеше“ – вели таа во емисијата.

Таа раскажува дека на 18 години излегла од домот…

На 18 години излегов од домот, во многу лошо време, беше тешка зима, првата ноќ откако излегов ја поминав во еден стан кај брат ми кој беше под кирија, подоцна преку една фондација се вселивем во една куќа со уште седум случаеви како нашите – вели таа.

Анче има 36 години, растела во дом без родители, сега живее во социјален стан и има инвалидитет. Од ден на ден запаѓа во се потешка состојба. Повеќе е гладна отоколку сита, повеќе е тажна отколку среќна, вербата во Бог е единственото нешто кое ја оддржува во живот.

Стојова го засакала фудбалот, почнала да игра на 16 години фудбал, има играно и за женската фудбалска репрезентација на Македонија, но еден навидум обичен проблем кој ќе и го смени цел живот.

Почна да ми помодрува палецот на ногата, отидов на доктор и му кажав дека каква ми е состојбата и дека неможам да платам, тој ми рече да бидам без грижи околу тоа. Се испостави дека имам запишена венска артерија во ногата и ми стави ,,бај пас ” во ногата. На прстот имав црни точки подоцна се испостави дека е ган грена. Отидов и докторот ми го отсрани палецот, тоа беше непријатен момент за мене но тоа беше само почеток на проблемите – вели таа.

Таа со страшни болки пешки отишла до Државна болница, кога ја видел докторот останал без зборови.

Дури и него му дојдоа солзи и ми рече дека не сум единствена, и дека други пациенти имало што доаѓаат од тој доктор. Ми рече дека треба пола стапало да се отстрани. Се запрепастив, цел свет ми се сруши врз глава. За два дена ме оперираа и ми го отстранија пола стапало, животот од тогаш видно ми се смени – вели таа.

Анче земала 4 илјади денари туѓа нега, но поради необновување на документи и го ускратиле тој додаток. А самото обновување ја чинело 1500 денари.

Вербата во Бога и дава најголема сила, сака да работи, бара работа која ќе е соодветна на нејзината состојба, и секоја помош и е од корист во овие тешки моменти од животот.

За било каква помош може да се обратите на бројот 075 304 405.

Видео од емисијата: