• 20.04.2021 17:06

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Забрана за работа за газдите кои незаконски ќе работат во недела, предвидува новиот закон

ByHristijan Risteski

Feb 10, 2021

Јагода Шахпаска во своето гостување на Топ Тема посочи за тоа што содржи драфт верзијата за законските регулативи во однос на недела-неработен ден.

„Во драфт верзијата стои дека ќе бидат преземени прекршочни санкции за оние кои нема да ги испочитуваат законските регулативи за недела-неработен ден. И во законот и колективниот договор, се предвидуваат надоместоците за работниците. Освен алатката да биде на терен Државниот инспекторат за труд и санкциите, нам не ни преостанува ништо друго. Ние не работиме на популизам, работиме на работничките права и семејните традиционални вредности. Во недела ќе работи минималниот потребен персонал, во сите гранки во кои е неопходен исклучокот од ова законско решение. Работодавачите пак, треба да направат реорганизација во својот работен процес“, истакна Шахпаска.