• 25.06.2021 14:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Завршна вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Bysrs-editor

May 30, 2021

Во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во Лазарополе, денеска се одржа заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР.

За време на вежбата пред присутните високи гости, кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.