• 20.04.2021 16:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Заев на потпишување на Меморандумите за реализација на најавените инвестиции во Александруполи, Грција

ByHristijan Risteski

Mar 31, 2021

Денеска, 31 март 2021 година (среда) во 12:00 часот премиерот Зоран Заев, ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договорите за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи. Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД” Скопје и „Елени Асмина Копелозу”, Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Р. Македонија „АД ЕСМ” и „Гастрејд” како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „ДАМКО ЕНЕРЏИ”. На настанот ќе се обратат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос.
Присутни ќе бидат и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални енергетски ресурси – „НЕР АД” Скопје како и Васко Ковачевски, претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Македонија – „А.Д ЕСМ”.