• 04.08.2021 09:15

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Заедницата на Македонци во Хрватска со став за преговорите со Бугарија: Единствено право на граѓанство во историјата имаат само аргументите

ByJane Jancheski

Dec 7, 2020

Македонците кои и припаѓаат на Заедницата на Македонците во Хрватска, испратија отворено писмо, во кое го изразуваат револтот по новите настани во земјава, поконкретно го објаснуваат својот став во врска со преговорите кои Македонија ги води со Бугарија.

„Историјата е трајна, вечна меморија за цивилизацијата. Во неа се запишани сите вознесенија и победи, порази и трпенија, војни и грабежи, делби и преселби, радоста и болката на човековото постоење. Единствено право на граѓанство во неа имаат само аргументите“, гласи дел од отвореното писмо кое го испрати Заедницата на Македонци во Хрватска, на адреса на Владата на РМ, претседателот на РМ, како и Министерството за надворешни работи.“

Во продолжение прочитајте го писмото во целост: