• 20.04.2021 22:52

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Законите за полиција и за внатрешни работи ќе се усогласуваат со препораките на ГРЕКО

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција.

„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на законот во согласност со препораките за Министерството за внатрешни работи кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема ‘Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот’, вклучувајќи и дел од обврските за Министерството за внатрешни работи содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020–2024), на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена“, образложуваат од МВР.

„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на законот во согласност со препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема ‘Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот’. Дополнително, со предлог-законот се врши содржинска и нормативно-правна интервенција во делот на евиденциите кои ги води полицијата, како и уредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена“, велат од МВР во врска со измените на Законот за полиција.