• 03.08.2021 22:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Законот за државјанство ќе се достави до Собрание со европско знаменце

Bysrs-editor

Jul 13, 2021

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството.

Како што се наведува, основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

Во предложените законски измени и дополнувања се вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини Владата до Собранието ќе го достави со европско знаменце.