• 30.07.2021 16:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Започнува серијалот “Конзервативни разговори“ во организација на Институтот САРИСА

BySarissa Editor

Jan 11, 2021

Во организација на Институтот за конзервативни политики „Сариса“, од денес стартува видео серијалот “Конзервативни разговори“, кој ќе вклучи серија интервјуа со истакнати домашни и меѓународни конзервативци. Серијалот треба да придонесе кон промоција на конзервативната мисла и конзервативните политики, и ќе се емитува двапати месечно, односно секој втор и четврт понеделник во месецот, во редовниот термин од 18.00 часот, на веб страната на Институтот „Сариса“. Во денешната, премиерна епизода, гостин е г-дин Џејсон Мико, а негов соговорник ќе биде директорот на Иститутот за конзервативни политики „Сариса“ м-р Сашо Марковски.

Инаку, Институтот за конзервативни политики – САРИСА во чија организација е овој серијал е идеолошки и политички институт чија цел е креирање, развој и промоција на конзервативни вредности и политики. Институтот врши истражувања, анализи, организира разни видови на обуки и конференции и одржува јавни расправи и дебати, во насока на приближување и елаборација на конзервативната мисла во македонското општество. Преку своето конзервативно дејствување, Институтот ја нагласува важноста на националниот идентитет и историското сеќавање, семејните вредности, борбата за слободна пазарна економија и се залага за култура која промовира вредности, праведност и правичност. Институтот Сариса исто така промовира економски просперитет и политика на инклузивитет на меѓународно поле.