• 03.08.2021 20:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Започнува филмскиот предизвик #WesternBalkansChallenge

Во рамки на платформата #EuropeanFilmChallenge од денеска започнува новиот филмски предизвик #WesternBalkansChallenge, за филмофилите од Северна Македонија и Србија. Учесниците во предизвикот треба за четири недели да изгледаат четири филмови продуцирани или ко-продуцирани од држава од Западен Балкан на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или пак на некоја од легалните видео – стриминг платформи.

-За време на предизвикот ќе бидат промовирани многу филмови што ќе носат екстра поени, дополнителна аудио-визуелна содржина, интервјуа и игри што ќе му помогнат на победникот да освои најмногу поени и да отпатува во Белград на 14. Интернационален фестивал на документарен филм „БЕЛДОКС 2021“, од 9 до 16 септември, информираат организаторите на настанот.

Програмата на предизвикот започнува вечерва со проекција на филмот „18% Grey“ во Кино Фросина во 20:30 часот, како дел од одбележувањето на Денови на креативна Европа МЕДИА. Сите заинтересирани за филмот може да направат резервација на следниот линк, при што филмот носи дополнителни 40 поени во #WesternBalkansChallenge.

За учество во предизвикот потребна е регистрација на следниот линк.

Проектот е имплементиран од Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во девет држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- Креативна Европа и Европската филмска индустрија.