• 31.07.2021 16:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Захариева: За Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е

BySarissa Editor

Nov 17, 2020

Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, за која, за жал, гледаме дека ја води Скопје. Ние сме земја-членка на Европската Унија. Ова го изјави за БНТ вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева по повод сè уште отворените прашања со Република Северна Македонија, кои се на дневен ред.

– РС Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов Бугарија не смета дека е подготвена – вели Захариева.

Како што пренесува БГНЕС, Бугарија продолжува да биде поддржувач на проширувањето на членството во ЕУ. Според Захариева, властите во Скопје погрешно процениле дека Бугарија може да се „притисне“ и да се смени позицијата.

Таа ја советува земјава да не се откажува од првата тешкотија со која се соочуваат на патот – одобрувањето на Рамката за преговори.

– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. По тој пат тргна и Бугарија. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и некој ќе почне да размислува помалку емотивно, кога ќе престане да се придржува кон градење на држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш тие ќе добијат многу повеќе. Од вистината не може да се избега – додава Захариева.

Захариева вели дека ќе оди во парламентот и ќе одговори на прашањата поставени од пратениците за РС Македонија, откако минатиот петок нејзиното учество беше одложено поради патување во странство.