• 21.04.2021 19:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, Македонија 4,5 проценти

BySarissa Editor

Dec 4, 2020

На здравствена заштита и социјални бенефити Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од 9,9 проценти од БДП во земјите од ЕУ.

Според податоците на Евростат, земјите во ЕУ во просек на здравствена заштита потрошиле 9,9 проценти од БДП. Најмногу за здравство одвојуваат Германија – 11,5 проценти, Франција – 11,3 и Шведска со 10,9 проценти од БДП. Од друга стрна, најмалку на здравствена заштита одвојува Луксембург – 5,3 проценти и Романија – 5,6 проценти.

Но, доколку се гледа колку државите трошат на здравството по глава на жител тогаш најмногу одвојувале Данска – 5 260 евра, Луксембург – 5 220 евра и Шведска – 5 040 евра по жител, а најмалку Романија – 580 евра и Бугарија – 590 евра по жител.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Статистичкиот годишник, вкупните расходи на здравствена заштита и социјални бенефити во 2019 година кај нас изнесувале 31 276 милиони денари или 507 милиони евра, од кои само на здравствена заштита 27 307 милиони денари или 443 милиони евра. Од нив најмногу 10 172 милиони денари биле за болнички услуги, 8 514 милиони денари за специјалистичко-консултативна заштита и 7 647 милиони денари за примарна здавствена заштита.

Ако се врзат овие податоци со БДП-то за 2019 година кое изнесувало 689 425 милиони денари или 11 195 милиони евра, тогаш излегува дека државата во 2019 година потрошила 4,5 проценти од БДП за здравствена заштита.

Според статистичките податоци, во нашата земја живеат околу 2 073 702 жители, што значи дека по глава на жител државата троши 244 евра на здравствена заштита.

Граѓаните во 2018 година на здравствена заштита потрошиле вкупно 8 023 милиони денери или 130 милиони евра, од кои на лекови и помагала – 48 милиони евра, на здравствени услуги надвор од болниците – 72 милиони евра и на здравствени услуги во болниците 9 милиони евра.

Според ДЗС, во 2018 година сме имале вкупно 8 754 здравствени работници од кои 6 329 лекари, 3 822 специјалисти, 1 862 стоматолози и 1 104 фармацевти.

Вкупниот број на болнички кревети во 2018 година изнесувал 3 243 од кои на хурургија 1 637, педијатрија 726 и гинекологија и акушерство 880. Бројот на болнички постели изнесува вкупно 8 754, од кои во општи болници – 3 969, клиники и институти – 2 034 и специјалситички болници и центри за рехабилитација – 2 671.

Македонија со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е под просекот од 5 болнички кревети на 1 000 жители во ЕУ.