• 30.07.2021 14:38

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Изборна трка на Муслиманското братство и христијаните во Јордан

Jордан се подготвува за општи избори закажани за 10 ноември во согласност со упатствата издадени од избирачкиот одбор во земјата поради коронавирусот.

Земајќи ги предвид здравјето и безбедноста на јавноста, јорданскиот избирачки одбор донесе низа одлуки за да се спречи ширењето на вирусот низ целата земја. Како дел од ограничувањата, властите забранија изборни митинзи и собири на повеќе од 20 лица.

Захир Амр, поранешен генерален секретар на јорданската Партија Ал-Хајат, рече дека тој ги поддржува упатствата на одборот во принцип бидејќи тие играат важна улога во спречувањето на повредите од страна на кандидатите, како што се организирање на банкети за да влијаат на однесувањето на гласачите.

Експертите стравуваат дека обидите на кандидатите да влијаат врз граѓаните и да одржат говори за привлекување внимание може да ги нарушат мерките за спречување на вирусот.

Минатиот месец, кралот Абдула Втори издаде декрет за одржување парламентарни избори.

Кралскиот декрет во јули значеше распуштање на парламентот – кој беше избран во септември 2016 година и чиј мандат заврши на 10 мај – и претстојното заминување на владата.

Во Јордан, дури 15 лица починаа од КОВИД-19. Земјата досега забележа 1.756 инфекции и 1.355 закрепнувања.