• 28.07.2021 12:18

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Илјадници граѓани излегоа на улиците и побараа слобода за уставобранителите

Bysrs-editor

Apr 25, 2021

Со интонирање на македонската химна, илјадници граѓани со пораката „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“, дадоа поддршка за драконски осудените, за настаните од 27 април во Собранието на Македонија.

Маршот се одржа по истата рута како онаа на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“. Граѓаните тргнаа од пред Владата, а завршија пред Собранието. Беше испратена порака дека патриоти биле неправедно осудени на високи затворски казни. Оперскиот пејач Игор Дурловски побара нов судски процес, велејќи дека имало нови докази, кои ќе покажат нова вистина.

Поддршка на овој протест дадоа сите опозициски партии од македонскиот политички блок. Дел од маршот беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој побара овој судски процес да се врати од почеток, за да можат осудените да ја докажат својата невиност.

-Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност, изјави Мицкоски.

Прочитани беа и имињата на сите осудени за 27 април, кои добија повеќе од 260 години затвор во два судски процеси. Покрај слобода за нив, побарано беше и да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври.

Организаторите на овој протест најавија дека ќе бидат поставени шатори, односно ќе се кампува пред Собранието се додека не бидат прифатени нивните барања.