• 03.08.2021 20:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Имам во Малме го забрани шведското знаме, заради крстот кој го има на знамето

Bysrs-editor

Jul 19, 2021

Имамот Басем Махмуд, кој служи во делот на Малме каде живеат мигранти, го забрани шведското знаме.

Според шведскиот весник „Експресен”, причината е затоа што на шведското знаме има крст, односно симбол на христијанството, за кој имамот вели дека е „несоодветен”.

Махмуд исто така изрази незадоволство од студентите кои ја прославија својата матура веејќи знамиња.

„На оние што носат крстови ќе им биде ускратена молитвата, бидејќи сметаме дека овие луѓе се целосни еретици. Ако некој носи крст на облеката без да го забележи, му наредуваме да го тргне”, рече Махмуд за време на службата.