• 25.06.2021 08:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Името на државата и идентитетот на нацијата!

Името на државата е идентитетот на нацијата и обратно, идентитетот на нацијата е името на државата!

По меѓународно право, името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата!

Затоа, во врска со бугарското вето, лага е повторувањето на марионетската влада: Не разговараме за идентитетот и Македонскиот јазик!

После промената на името на државата, последиците од промената на идентитетот се неминовни и неизбежни!

Идентитетот на нацијата не е само јазикот, туку и името и културата и историјата!Македонија со билатерален договор не може да го менува правописот на Англискиот и Германскиот јазик! Тоа само идиоти можеа да го смислат и денес со нивните лаги другите да ги убедуваат!

Марионетската влада на Зоран Заев не може со билатерален договор да суспендира меѓународно право и веќе апсолвираното универзално, неприкосновено и неотуѓиво право на Македонскиот народ на самоопределување и самоидентификација на државата Македонија! Промената на името на државата и идентитетот на нацијата е најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!Имено, во Англискиот јазик некои зборови истовремено се и именка и придавка во зависност од контекстот на реченицата! Во Македонскиот јазик за секоја именка има придавка!На пример, во Англискиот јазик зборот “Macedonian“ е и именка и придавка. Во Македонскиот јазик на именката Македонец, придавката е Македонски!

Во Англискиот јазик зборот “North“ е именка и значи “Север“. Зборот “Северен“ на Англиски јазик е “Northern“! Композитното име “Северна Македонија“, на Англиски јазик би било “Northern Macedonia“!

Но, во случајот со Македонија, променетото име не е “Northern Macedonia“, туку “North Macedonia“ што е различно, не е исто! Во 2000 година, северната окупирана територија на Македонија од 30 декември 1913 година, Атина ја подели на три региони именувани како “Западна Македонија“, “Централна Македонија“ и “Источна Македонија“, на Англиски јазик “Western Macedonia“, “Central Macedonia“ и “Eastern Macedonia“! Зборовите “Western“, “Central“ и “Eastern“ се придавки и значат “Западна“, “Централна“ и “Источна“! Во смисла: “Западна Македонија“, “Централна Мкедонија“ и “Источна Македонија“! За “Западна Македонија“, “Централна Македонија“ и “Источна Македонија“, Атина не употреби композитни имиња на Англиски јазик: “West Macedonia“, “Center Macedonia“ и “East Macedonia“, туку “Western Macedonia“, “Central Macedonia“ и “Eastern Macedonia“. Само за државата Македонија, Атина ни ја наметна, а нашите слепци тоа го прифатија ерга омнес, композицијата од две именки “North“ и “Macedonia“ како “North Macedonia“, наместо придавката “Northern“ и именката “Macedonia“ како “Northern Macedonia“.

Во англискиот правопис, придавка од композитно име на две именки какво што е “новото име“ на државата Македонија, е еден збор составен од двете именки. И затоа, од композитното име за државата “North Macedonia“, придавката е “Northmacedonian“. И нека не ве чуди, дали Британците и Германците го грешат нашето име, демек погрешно не’ изговараат како “Северномакедонци“ наместо “северни Македонци“, односно “граѓани на Република Северна Македонија“! Британците и Германците според правописот на нивниот литературен јазик правилно изговараат “NORTHMACEDONIAN“ односно “NORDMAZEDONISCH“!

Со промената на името на државата, Атина ја постигна целта: Македонскиот народ да биде именуван како “СЕВЕРОМАКЕДОНСКИ“, со еден збор кој нема да почнува со буквата “М“! За жал, така и ќе остане за навек, се’ додека еднострано не се раскине Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, со обична нота на премиерот или претседателот на државата до Владата во Атина и Обединетите Нации, дека членството го продолжуваме под единственото име Македонија!

По логиката “стопати повторена лага станува вистина“ и деформациите во образовниот систем на антиисториските реформи на Мила за создавање нов идентитет “граѓани на Република Северна Македонија“, а имајќи предвид дека во сите државни датотеки е извршена промена на идентитетот со бришење и забрана на употребата на придавката МАКЕДОНСКИ/А/О, катастрофални се последиците од оваа системска демонтажа на Македонската држава, односно државата Македонија!

И уште нешто. На седницата на Собранието одржана на 11 јануари 2019 година, при донесувањето на Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, Владата го прифати амандманот на Фадил Зендели, пратеник на БЕСА на членот 2 став 2 (со големи букви) и тој гласи: “Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ШТО НЕ ЈА ОПРЕДЕЛУВА НИТУ ЈА ПРЕДОДРЕДУВА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ.“Да ги разбие дилемите во Атина околу шпекулациите, Никола Димитров на 16 јануари 2019 година испрати нота до Министерството за надворешни работи на Хеленската Република број 02-1407/1 со појаснување, дека “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ не значи етничко потекло, туку државјанство! Во нотата меѓу другото се вели: “Во духот на договорот терминот националност на Втората страна дефинирана во членот 1 (3) (б) од Договорот како ‘македонско/граѓанин на Република Северна Македонија’ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етникумот како што e тоа е пропишано во членот 2 (2) од Уставниот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија“.

Оваа нота од Никола Димитров, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прочита во Парламентот во Атина за време на гласањето доверба на неговата влада, тој тогаш рече: “Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно ги појаснуваат деловите поврзани со јазикот и државјанството. Нашите соседи во овој текст појаснуваат што е правно обврзувачки и ги повторуваат обврските што произлегуваат од договорот!

Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на етнитетот. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е спомнато во договорот и е признат на конференцијата на Обединетите Нации во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици.“Затоа, само Македонија и ништо друго освен Македонија, само Македонци и ништо друго освен Македонци, без додавки и без придавки, од векови за навек!

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Пишува: Тодор ПЕТРОВ