• 21.04.2021 09:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Институтот за конзервативни политики САРИСА денес организира настан во Гостивар

BySarissa Editor

Dec 17, 2020

Институтот за конзервативни политики САРИСА го продолжува својот конзервативен караван со настан во Гостивар. Денес во 19:00 часот во Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар ќе се одржи настан под наслов „Политиките и вредностите на конзервативизмот: Народот како клучен столб на државата”. Овој настан е втор дел од Конзервативниот караван, кој е планиран да патува во неколку градови низ државата. На настанот гостите ќе говорат за политичка филозофија и идеологијата во македонското општество, како и за плановите и програмите на Институтот. Свое обраќање ќе имаат директорот на Институтот, м-р Сашо Марковски, кој ќе зборува за новите конзервативни сили во нашето општество. После него, планирано е обраќање на Дамјан Петрески, кој ќе зборува за религијата како чувар на традиционалните вредности, а последен говорник ќе биде Александар Богатинов, чие обраќање ќе се фокусира на градењето на државата и односот кон признавањето.

Имајќи го предвид лимитираниот број на места за физичко присуство поради почитувањето на протоколите за превенција од Ковид-19, Институтот Сариса може да овозможи пристап само на лимитиран број на посетители.

За повеќе информации обратете се на info@sarissa.mk .