• 16.05.2021 19:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Институтот САРИСА и директорот Марковски го повикуваат македонското население во недела масовно да гласа за Панди Јани

Директорот на Институтот за политички истражувања САРИСА, Сашо Марковски оствари онлај работен состанок со македонскиот кандидат за пратеник воалбанското Собрание Панди Јани.

Двајцата разговараа за актуелните политички случувања, како и за положбата на македонскто малцинство во Република Албанија. Тие се согласија и за понатамошна соработка, како и продлабочување на меѓусебните односи.

Марковски на Јани му изрази поддршка и му посака успех на изборите во Албанија закажани за во недела, и го повика македонското население масовно да излезе на гласање и својот глас да го даде за Панди Јани.

-Ми беше задоволство и привилегија да се запознаам со г-динот Панди Јани, македонски кандидат за пратеник од редовите на Социјалистичката партија за интеграција. Разговаравме за состојбите во Мала Преспа, плановите за унапредување на регионот и на македонското малцинство во Албанија. Овој млад човек е политичар на иднината, кој сигурен сум ќе придонесе за напредокот на Албанија и Мала Преспа. Затоа, го повикувам македонското население, во недела масовно да излезе и да гласа за Панди Јани, Моника Криемади и Социјалистичката партија за интеграција на Албанија, истакна директорот на САРИСА Сашо Марковски.

Од друга страна пак, кандидатот за партеник Панди Јани изрази голема благодарност на подршката на Институтот и на директорот и најави продлабочување на соработката со овој Институт.

-Балагодарам на организираниот состанок од страна на Институтот САРИСА, исто и на вас господине Марковски, задоволство ми е што ќе поразговарам со вас околу политичката состојба во Албанија и положбата на македонското малцинство. Ја прифатив кандидатурата преку Социјалистичкото движење за интеграција одпричина што ова движење силно се залага за правата на малцинствата во Албанија а особено за правата на македонското малцинство во целина. Уште од претходно ЛСИ даваше силна поддршка на македонското малцинство, тргнувајќи од таа причина како Македонец прифатив да бидам на листата на оваа партија. Насочени сме кон младата популација, да обезбедиме работно место повеќе за истите да останат на своите огништа и иднината токму да ја градат на овие македонски делови каде и што живеат. Моменталната ситуација и за време на кампањата е охрабрувачка, акнкетите ја покажуваат дека обидинетата опозицијата како победник на изборите во недела, а воопшто и во целина, целиот народ во Албанија посакува промени, за подобро утре и подобра иднина на сите, а особено на младите, за кои сме сведоци дека изминатите 8 години поради негрижата на власта масовно ја напуштаа државата и својата егзистенција ја побараа низ белиот свет, рече за време на состанокот Јани.

Уште еднаш ви благодарам на искрената поддршка, да сте живи и здрави и Бог да ги благослови сите македонци ширум светот, додаде Јани.

И двајцата соговорници највија понатамошна соработка, а во иднина и средба.