• 16.05.2021 18:29

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Институтот САРИСА со поддршка за Семакедонскиот собир на 25 април

Bysrs-editor

Apr 24, 2021

Ви ја пренесуваме во целост објавата од Институтот САРИСА:

„Институтот за конзервативни политики – САРИСА дава целосна поддршка на СЕМАКЕДОНСКИОТ СОБИР кој е закажан за 25 април, по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија, од 27 април 2017 година. Овој собир, во организација на Македонците во светот и татковината, е потребен заради остварување единство за заштита на сите прашања од национален интерес за Македонија. Слобода за уставобранителите и стоп за селективната правда!“

Институтот за конзервативни политики – САРИСА е идеолошки и политички институт чија цел е креирање, развој и промоција на конзервативни вредности и политики. Институтот врши истражувања, анализи, организира разни видови на обуки и конференции и одржува јавни расправи и дебати, во насока на приближување и елаборација на конзервативната мисла во македонското општество. Преку своето конзервативно дејствување, Институтот ја нагласува важноста на националниот идентитет и историското сеќавање, семејните вредности, борбата за слободна пазарна економија и се залага за култура која промовира вредности, праведност и правичност.