• 21.04.2021 19:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Интерпол и Европол со предупредување за можен криминал околу вакцините

Директорката на Европол, Катерина Де Бол вчера предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против ковид-19.

Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот.

Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа посочи и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта.

И Интерпол на почетокот од месецот исто така објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19.