• 31.07.2021 15:53

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Иран и Кина потпишаа 25-годишен договор за трговска соработка

Bysrs-editor

Mar 27, 2021

Кинескиот и иранскиот министер за надворешни работи потпишаа договор за трговска соработка во траење од 25 години.

„На нашите односи со Иран нема да влијае моменталната ситауција, тие ќе бидат трајни и стратешки“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји,кој го потпиша договорот со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф.

„Иран независно одлучува за своите односи со другите земји и не е како некои земји кои го менуваат својот став со еден телефонски повик“, се додава во извештаите по изјавата на иранскиот дипломат.

Потпишувањето на кинеско-иранскиот договор за стратешка економска соработка доаѓа откако претходно седмицава шефот на кинеската дипломатија Венг Ји имаше разговори со рускиот колега Сергеј Лавров, во заднината на обидите на администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден да ги дефинира правците на своите политики кон трите главни геополитички опоненти на САД – Русија, Кина и Иран.

„Овој документ ги опфаќа можностите и изгледите за билатерална соработка меѓу Иран и Кина во различни области, вклучително и економијата, културата и други. Убедени сем дека договорот ќе придонесе за натамошно развивање и сеопфатен стратешко партнерство на Иран и Кина, како и создавње услови за просперит на двата народа“, се вели во соопштението на иранското министерство за надворешни работи.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг се сретна и со иранскиот претедател Хасан Роухани пред потпишувањето на договорт кој вклучува и кинески вложувања во секторите, како што се енергетиката и инфраструктурата.

„Договорот е пример за успешна дипломатија. Силата на земјата е во нејзината способност да им се придружи на коалициите, а не да остане изолирана“, изјави Хесаеднина Ашхену, советник на иранскиот претседател.

Кина, еден од најголемите ирански трговски партнери и долгогодишен сојузник, договори во 2016 година дека во текот на следната деценија ќе ги зголеми билатералната трговија повеќе од десет пати, на 600 милијарди американски долари.

Кинеското министерство за трговија соопшти во четвртокот дека Пекинг ќе се обиде заштити ирански нуклеарен договор од 2015 година и ќе ги брани легитимните интереси на кинеско-иранските односи. САД, како едни од шесте потписнички на овој договор со Иран, во мај еднострано 2018 година ги повлече претходниот американски претседател Доналд Трамп, барајќи во него да биде вклучена и иранската балистичка програма, што Техеран решително го одбива и постепено ги суспендира своите обврски од договорот. Новиот американски претседател Џо Бајден сѐ уште нема искрастилизиран став во одноџ на споменатиот меѓународен договор за иранската нуклеарна програма.