• 31.07.2021 16:34

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Иран тестира нова паметна ракета со дострел од 300 километри

BySarissa Editor

Feb 15, 2021

Иранската армија тестираше нова наведувачка ракета со дострел до 300 километри, соопшти денеска новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на командантот на иранските копнени сили, Киомарс Хејдари.

– Армиска ракетна единица на Копнената армија тестираше паметна ракета со среден дострел за да ја процени нејзината точност и сила, рече генерал Хејдари.

Според него, новата ракета е опремена со „прецизни, разузнавачки и автоматски можности и е подготвена да ги брани границите на Иран во различни временски услови”.

Иран развива своја ракетна програма од 90-тите години на минатиот век. Земјата направи одреден напредок во развојот на балистички ракети. Сепак, Техеран одбива да преговара за какво било ограничување на неговиот ракетен сектор, велејќи дека другите земји во регионот веќе имаат ракети од слична класа, според руската агенција.