• 31.07.2021 13:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Иран ја осуди одлуката на Британија за зголемување на бројот на нуклеарни боеви глави

Bysrs-editor

Mar 17, 2021

Иранскиот министер иронично ја коментираше изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека планира да го зголеми бројот на нуклеарни боеви глави додека истовремено Лондон изразува загриженост поради наводното иранско развивање нуклеарно оружје.

Иран ја осуди одлуката на Британија за зголемување на бројот на нуклеарни боеви глави

Иранскиот министер за надворешни работи денес ја исмеа изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека планира да го зголеми бројот на нуклеарни боеви глави додека истовремено Лондон изразува загриженост поради наводното иранско развивање нуклеарно оружје.

EPA-EFE

„Крајно лицемерно е Борис Џонсон да е загрижен бидејќи Иран развил нуклеарно оружје. Истиот ден тој објавува дека неговата земја ќе ги зголеми сопствените резерви на нуклеарно оружје“, напиша Мохамед Џавад Зариф на Твитер.

„Спротивно од Обединетото Кралство, Иран верува дека нуклеарното и целото оружје за масовно уништување се варваризам и дека мора да бидат уништени“, порача Зариф.

Џонсон претходно денес објави дека Британија ќе ги зголеми резервите на нуклеарни боеви глави за повеќе од 40 отсто поради постигнување поголема безбедност во ризичното глобално опкружување и соочувањето со новите технолошки закани.

Британија, Франција, Германија и Европската Унија се обидуваат да ги вратат Иран и САД на преговарачката маса, што би бил првиот чекор кон обновување на нуклеарниот договор кој шесте светски сили го склучија со Иран во 2015 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од тој договор со кој Иран се обврза да се откаже од развој на нуклеарно оружје во замена за укинување на меѓународните санкции.

САД ги обновија санкциите против Иран и Техеран враќањето на преговорите го условува со нивно укинување, а САД бараат Иран прво да почне повторно да ги почитува сите одредби од договорот од кој и тој постепено се повлекува, особено со зголемување на нивото на збогатување на ураниумот.