• 20.04.2021 18:28

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Иран ја повика МААЕ да не објавува детали од нуклеарниот договор од 2015 година

BySarissa Editor

Jan 17, 2021

Иран денеска ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да избегне да објавува „непотребни” детали за иранската нуклеарна програма, еден ден откако Германија, Франција и Велика Британија ја повикаа земјата да се откаже од последното планирано кршење на меѓународниот нуклеарен договор со големите сили, објавија локалните медиуми.

Иранскиот нуклеарен оддел побара од МААЕ да избегне објавување детали што може да доведат до забуна, се наведува во извештајот на иранска локална ТВ станица.

МААЕ во четвртокот соопшти дека Иран го известил дека почнал да инсталира опрема за производство на ураниум во форма на метал. МААЕ притоа изјави дека Иран останува посветен на истражувањето и развојот на производството на метален ураниум, во согласност со „прокламираната цел за дизајнира подобрен вид на гориво”.

Германија, Франција и Велика Британија вчера го повикаа Иран да се откаже од последното планирано кршење на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопштувајќи дека  Техеран „нема убедлива причина да го користи металот ураниум “, чие производство го најави. Во заедничката изјава на германските, француските и британските министерства за надворешни работи се наведува дека трите земји се длабоко загрижени за „последниот потег на Иран“ и дека Техеран не дал убедливи причини зошто би производувал метален ураниум за цивилна употреба.

Трите земји, исто така, во соопштението нагласуваат дека производството на метален ураниум има „потенцијално сериозни воени импликации“ и го повикаа Иран да престане со оваа активност и без одлагање да се врати на почитувањето на своите обврски од Заедничкиот сеопфатен акциски план (JCPOA) доколку сака да го зачувува овој  договор, пренесуваат американските медиуми.

Иран денеска одговори дека МААЕ уште пред речиси две децении е известена за нивните планови за производство на ураниум во метална форма за производство на ураниум силицид, гориво што се користи во нуклеарните реактори, а што е побезбедно и помоќно од горивата на база на ураниум оксид, што во моментов ги произведува Иран.