• 21.04.2021 08:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка во вторник, во тактички политички маневар за кој се надева дека ќе му овозможи да изгради нова коалиција.

Италија беше фрлена во нова политичка криза минатата недела кога Конте се соочи со два гласа на доверба. Тој го претрпе гласањето, но го загуби владејачкото мнозинство во Сенатот, откако неговиот претходник Матео Ренци ја повлече својата мала партија  Италија Вива од владејачката коалиција, наведувајќи ги фрустрациите од владиниот менаџмент на пандемијата и рецесијата.

Конте му ја предаде оставката на претседателот Серхио Матарела. Претседателот ќе започне консултации со лидерите на најголемите политички партии во земјата во среда попладне.

Конте, кој не припаѓа на ниту една партија, доколку има доволно поддршка, Матарела може да побара од него да формира нова коалиција.

Друга опција да се пробие ќор-сокакот ќе биде распишување предвремени избори, две години порано. Доколку Конте го добие мандатот, тој веројатно би барал поширока коалиција преку која би додал  уште пет сенатори.

Без мнозинство во Сенатот, Конте не би успеал да донесе ефикасно законодавство во време на криза за европската нација, која покрај пандемијата претрпе и години на политичка нестабилност, покрај новите економски предизвици.

Италија помина низ неколку политички кризи од крајот на Втората светска војна и одржа многу предвремени избори пред владите што заседаваат да ги завршат изборните мандати.