• 04.08.2021 01:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Италија протерува двајца руски дипломати поради шпионажа, Москва најавува реципрочен одговор

Bysrs-editor

Mar 31, 2021

Италија протера двајца руски дипломати откако беше уапсен капетан од италијанската морнарица, кој наводно му дал доверливи документи на еден од нив. Италијанските власти велат дека меѓу документите биле и документи на НАТО.

Полицијата соопшти дека тие интервенирале „за време на тајна средба“ меѓу италијанскиот и рускиот воен службеник и „веднаш по доставувањето на документот од италијанскиот офицер во замена за сума пари“.

Двете инволвирани лица се обвинети за сериозни кривични дела поврзани со шпионирање и државна безбедност, соопшти полицијата. „Италијанскиот службеник беше приведен, додека позицијата на странскиите државјани сè уште се разгледува со оглед на дипломатскиот статус“.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека „жали за веста за протерување на двајца руски дипломати со образложение дека шпионирале во Италија“.

Во соопштението се вели дека наскоро ќе бидат објавени следните чекори што Русија ќе ги преземе врз основа на мерките за реципроцитет. Се додава дека оваа одлука не ги рефлектира односите меѓу двете земји.

Поради скандалот, италијанското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во Рим, Сергеј Разов.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи де Мајо, преку Фејсбук и Твитер соопшти дека е донесена одлука за протерување на двајца руски дипломати вклучени во скандалот.

Италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за најголемиот скандал во билатералните односи меѓу двете земји уште од крајот на Студената војна.