• 20.04.2021 14:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Кинескиот министер за одбрана во официјална посета на Македонија

Во средината на април се очекува кинеските вакцини да стигнат во земјава, но ова се се уште неофицијални информации.

Македонскиот државен врв вчера упати барање до кинескиот министер за одбрана Веи Фенхе кој е во посета на земјава да се забрза постапката за испораката на набавката од 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава. 

„Премиерот Заев на средбата апелираше министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Република Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата ’Синофарм‘“

Кинескиот министер рече дека ќе се заложи за нивна побрза испорака.

„70 земји во светот  ја одобрија уптребата на кинеските  вакцини. Во Кина 100 милиони луѓе  се вакцинирани. Како одговорна  земја, Кина сака да придонесе  да се доведе пандемијата под контрола.“ – изјави Веи Фенгхе министер за одбрана во НР Кина.

Македонија треба да добие 200.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм. Претходно земјава имаше дадено аванс за набавка на истите, но кинеските власти побараа да се повлече откако МЗ пробало ја изврши набаката преку фирма посредник, а не преку директни власти и производителот.