• 31.07.2021 15:34

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Кои економски сили ќе владеат со светот во 2050 година?

BySarissa Editor

Dec 31, 2020

За 30 години, мнозинството најголеми светски економии ќе го сочинуваат оние земји кои денес се во развој. Во иднина тие би можеле да ги надминат САД, Јапонија и Германија. Брегзитот, пандемијата и тешкотиите во трговијата, донесоа економски падови, но и покрај овие предизвици, се прогнозира дека светската економија ќе расте со побрзо темпо во текот на следните неколку децении. Поточно, се предвидува дека до 2050 година, глобалниот пазар ќе биде удвоен, дури и покрај предвидувањето на Обединетите Нации дека светската популација дотогаш ќе се зголеми за 26%, пишува BBC. Овој раст ќе донесе со себе доста промени. Иако е неблагодарно да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните во иднина, сепак најголемиот број економисти се согласни во едно – денешните пазари во развој ќе бидат идните економски велесили.

Според извештајот на PwC, листата на светски економски сили во 2050 година ќе изгледа вака:

1. Кина
2. Индија
3. САД
4. Индонезија
5. Бразил
6. Русија
7. Мексико
9. Германија
10. Велика Британија

Дури и релативно малите економии како Виетнам, Филипини и Нигерија ќе забележат големи скокови на ранг листите во наредните три децении, се истакнува во извештајот. Кина, која го зазема првото место, има забележано значајни економски успеси во текот на минатата деценија, а еконосмистите прогнозираат дека вистинскиот раст се очекува во наредните децении. И за втората најмногубројна земја на светот прогнозите се одлични, а се очекува во 2050 година оваа земја да учествува со 15% во вкупниот светски БДП. Комплетната листа на  PwC е достапна на следниот ЛИНК.