• 15.04.2021 08:31

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Лејла Рајкова – „Еколошкиот криминал ја загрозува и уништува иднината на нашите деца“

BySarissa Editor

Feb 19, 2021
Лејла Рајкова

Шумите како природно богатсво се добра од општ интерес за нашата држава и уживаат посебна заштита, така стои во Законот за шуми член 2. Општокорисните функции се влијанието на шумите врз заштита на животната средина, а особено: заштита на земјиштето, заштита на населените места, сообраќајниците и други инфраструктурни објекти, коритата на водотеците од дејството на процесите на ерозија, климатскиот режим, плодноста на земјиштето, регулирање на режимот на воздухот, создавање услови на лечење, одмор, спорт, рекреација,туризам, лов и друго.

Феноменот на загадување на животната средина добива димензија на глобално ниво. Глобалното затоплување исто така претставува голем проблем на светско ниво. Свеста за животната средина, грижата за неа треба да се подигне на едно повисоко ниво за да може идните генерации да растат и живеат во здрава и чиста средина. Природата дава многу, но човештвото треба да се грижи и да ја одржува животната средина здрава и чиста. Нападот врз природата од страна на човештвото е во најразлични облици: нелегалната сеча на дрвја, загадувањето на воздухот, нелегалниот лов и риболов, фрлањето на отпадоци по планините, загадување на почвите, недоволното пошумување и обновување на дрвната маса по планините нелегалните ископувања, несоодветното минирање на каменоломите и слично.

Многу знајачно е да се каже дека не е доволно постоење на законите, подзаконските акти, формирањето на одредени органи доколку не постои имплементација и дејствување со цел за заштита на добрата кои се од јавен интерес. Во нашата држава шумите не се поштедени од криминалот т.н. еколошки криминал кој зема голем замаф на нашата територија. Ваквиот вид на криминал предизвикува големи штети чии последици се непроценливи и кои ќе ги осетиме во иднина многу повеќе.

Нелегалната сеча е сериозен и долгогодишен проблем. Бесправна сеча е секоја сеча која во државните шуми се врши без одобрение од надлежните органи. Надлежните органи имаат своја програма и методологија кога се дава одобрение за сечење на дрвја, за разлика од нелегалната сеча која се врши народски кажано “кој каде ќе најде”. Бесправното сечење на шумите предизвикува големи штети по животот на човекот. Едно исечено дрво старо 20 години не може да го замени ништо. На секое старо исечено дрво треба да се пошумат најмалку 20 нови дрвца за да може да се компензираат штетите. Но не е само тоа, новонасадените дрвца бараат посебна грижа.

 Во првите три години новите дрвца бараат плевење, прашење и пополнување. Целта на овие мерки кои треба да се преземат е се со цел да можат да преживеат новонасадените садници па дури потоа може да зборуваме  дека се создадени нови површини од шума.

Од тука може да се заклучи дека процесот на создавање на нови пошумени површини е подолг временски период и не така едноставен, затоа бесправната сеча на дрвјата мора да запре во овој момент. Со тоа си наштетуваме на самите себе а потоа и на идните генерации.Извештајот за состојбата на животната средина во 2020 година на МЗШВ за штетите во шумите направена од бесправна сеча од 2010 година до 2019 година е зголемен за речиси 4 пати. Штетата во 2010 година била најмала 11.557 м3, а врвот го достигнува во 2019 година со вкупна исечена дрвена маса од 45.795м3.

Извор: Државниот завод за статистика

Нашите планински врвови се голи и опустошени, дрвјата кои даваат живот се сечат без ред. Се опустошуваат македонските планини заради нечиј материјален интерес, грижата и совеста не постојат, казните се многу благи за она што се случува и за долгорочните штетите кои се предизвикуваат.  Штетите кои се нанесуваат се огромни поради уништување на стеблата, соголување на планинските предели каде што реално постои можност за појава и на лизгање на земјиштето, со тоа се намалува и можноста за прочистување на воздухот и др. Ако продолжи ваквиот тренд на бесправна сеча на шумите за неколку години ќе видиме оголени планини чиј изглед ќе треба многу за да се поврати.” Она што им го правиме на шумите е само одраз на она што го правиме на себе си и еден на друг”- рекол Махатма Ганди.

Како причини кои  го предизвикуваат и нарушуваат нелегалното сечење на шумите може да се наведат: сиромаштијата, слабото стопанисување со шумите, лошата организациона поставеност. Многу загрижувачки е фактот дека за ова кривично дело бројот на покренати кривични постапки е многу низок, повеќе се застапени прекршочните.

Еден од фактите е дека во нашата држава не постои ниту една кривична пријава за кривичното дело Загрозување на животната средина по член 218 од Кривичниот законик, а по член 226 пустошење на шуми се изречени неколку кривични пресуди но казните се толку ниски што ефектот на ресоцијализација од казната која сторителот треба да ја добие по сите теоретски објаснувања не го дава саканиот ефект.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух. Имаме загаден воздух и тоа многу восок процент, имаме различни видови на уништување на шумата, загадување на водите, загадување на почвите, ископувања а ниту еден надлежен орган не презема дејствија со кои ќе се стави крај на уништувањето на нашите убави планини и плодни површини. Затоа треба да почнеме малку посериозно да се грижиме за шумите, грижата за шумите треба ја издигнеме на пиедесталот особено денес кога на целата планета и се заканува стаклената градина, озонските дупки, глобалното затоплување и др.

          Да се заштитиме од нелагалната сеча на дрвја кои живот значат, да се заштитиме од загадениот воздух кој секојдневно го вдишуваме, да се заштитиме од загадувањето на нашите плодни површини, да ја заштитиме водата од загадување затоа што утре може да биде веќе доцна за тоа. Каква иднина ќе оставиме на нашите деца ако не покажеме малку свест и доблес во нашите постапкa.

Clarisqpmr 30 June , 11 h 46 min. viagra online Joeann Jaime 30 June , 15 h 31 min.