• 21.04.2021 19:30

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Ненад Јаневски – „Јин и Јанг или беседа за балансот“

BySarissa Editor

Dec 24, 2020
Ненад Јаневски

Живееме во еден бинарен каде што се може да се објасни баш така – бинарно. Биологијата не учи дека постојат два пола, (иако модерниот неолиберализам сака да ни наметне триесетина и кусур) машки и женски. Исак Њутон докажал дека имаме акција и реакција. Програмерите за кодираат со два броја 0 и 1. Религијата не учи на две однесувања, добро и лошо. Древните Таоисти го утвдиле тоа уште во четвртиот век пред нашата ера  и го илустрирале со популарниот симбол Јин и Јанг, односно две змии, црна и бела, фатени со главите за опашките. Црната змија има бела точка на главата и обратно. Ова е илустрација на хаосот и редот (поредокот). Точките на главите на змиите покажуваат дека тие се меѓусебно зависно, односно дека ред и поредок не би постоел доколку нема хаос да му опонира и обратно.

Секој човек во својот живот исто така треба да размислува бинарно, односно да избере помеѓу хаос и поредок. Хаосот е област на незнаење. Тоа е неистражена територија, она што се протега вечно и безгранично, надвор од границите на сите состојби, сите идеи и дисциплини. Тоа е странецот, непознатиот, шумот во грмушките во ноќта, чудовиштето под креветот кај децата и болеста на вашето дете. Хаосот е очајот и ужасот кој го чувствуваме кога сме длабоко предадени. Тоа е местото каде завршуваме емотивно кога работите околу нас се распаѓаат, кога соништата умираат, кога кариерата  ни се распаѓа и браковите завршуваат. Хаосот е онаму каде што сме кога не знаеме каде сме, и она што го правиме кога не знамеме што правиме. Со други зборови, сите нешта и ситуации што не ги познаваме и не ги разбираме. Стравот е еден вид на слобода, но и стравотна слобода.

За разлика од него, редот или предокот е истражена територија. Тоа се милиони години стара хиерархија на место, позиција и авторитет. Тоа е структурата на општеството. Тоа е и структурата што ја условува и биологијата. Тоа е племето, религијата, огништето, домот и татковината. Тоа е топлата дневна соба покрај огнот каде што си играат децата. Тоа е знамето на државата. Поредокот е  традицијата. Тоа е вашиот план за тековниот ден, автобусот што доаѓа и тргнува на време, календарот и часовникот. Поредокот е „маската“ што сме повикани да ја носиме во јавност, љубезноста и културата. Тоа е место каде однесувањето на светот одговара на нашите желби и очекувања, место каде што нештата излегуваат така како што сакаме.

Онаму каде што се е сигурно, има и поредок. Онаму каде што нештата се одвиваат според планот и нема ништо што може на не вознемири. Сакаме да сме таму, познатата средина е пријатна. Во поредокот размислуваме долгорочно за нештата, таму работите функционираат, а ние сме стабилни, способни и сигурни. Ретко ги напуштаме местата што ги разбираме, било тоа географски или замислени, и не сомнено не ни се допаѓа кога сме принудени на тоа или кога тоа доаѓа случајно.

            Имате поредок кога имате верен пријател. Кога оваа личност ќе ве изневери, ќе ве продаде, тогаш влегувате во подземјето на хаосот. Поредокот е стабилноста на бракот. Запечатен е од традициите на минатото и од нашите очекувања. Честопати се темели на нашите традиции. Хаосот настапува кога стабилноста на бракот ќе почне да се рони под нозете кога ќе го откриете неверството на партнерот.

 Хаос имавме во Макеоднија за време на транзицијата во 90тите години, кога 250.000 граѓани останаа на улица. Хаос исто така имавме во 2001 година кога беше нарушена безбедноста и сигурноста на државата. Хаос имаме и сега во време на пандемија, кога луѓето ги губат своите работни места и незнаат како ќе го поминат месецот, дали ќе можат да купат храна за своето семејство за наредната недела. Хаос е кога ти наложуваат да ти го променат името затоа што на некој друг тоа не му се допаѓало или кога ти ги негираат потомците, историјата, корените, огништето.

Но, како што претходно кажав, хаосот и поредокот одат рака под рака. Таа бела точка на главата на црната змија е секогаш тука и го чека правиот момент да го надвладее и пак да постави ред за нормално, безбедно и просперитетно функционирање во овие хаотични времиња.