• 25.06.2021 08:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Сашо Петковски – „Кој е расист?“

BySarissa Editor

Feb 23, 2021

Што е расизам?  Осуда, дискриминација или антагонирање од индивидуа, заедница или институција кон други индивидуа или луѓе  кои припаѓаат на одредена расна или етничка група.

Историјата не има научено да бидеме сведоци на едно мрачно минато каде расизмот бил во полн ек. Тоа допринесува денес да бидеме спремни во борбата со расизмот кој за жал се уште постои. Според денешната радикална левичарска пропаганда, која ја туркаат во општеството рапидно од ден во ден, гласи дека “белиот” човек е поим за расист. Дали e свесно или несвесно кажано, самата пропаганда е расистичка, бидејќи осудува група на луѓе само заради нивната нијанса на кожа.

Радикалното левичарство како основен извор за нивната пропаганда дека “белиот” човек е расист го користат минатото на некогашните империјални сили, кои ги третирале таканаречените “црни” луѓе како пониска класа и ги распродавала како робови. Тие империјални држави биле водени од “бели” луѓе. Но дали тоа значи дека имало и држави кои биле предводени од “белци”,  а не ги третирале црнците како пониска класа? Се разбира дека да. Истото важи и за империјалните држави. Не значи ако тогашната власт користела робовладителски систем дека сите жители на таа држава биле робовладетелски настроени. Не секој сметал дека “црните” луѓе се пониска класа на луѓе.

Но дали робовладетелството е причина за расизам? Да се навратиме во историјата. Познато е дека во времето Римската империја постоеле робови. Тоа биле луѓе од различен калибар. Луѓе со различна нијанса на кожа, со различно верување. Таквиот робовладетелски систем постоел и пред Рим, во древниот Египет, Вавилон, Кина и во древна Индија. Никој од нив не ги бирал робовите според нивната боја на кожа, туку според нивната слабост. Послабите држави, племиња или поразени војски најчесто завршувале како робови кои користеле за работа и како продажен материјал во трговијата.

Да се навратиме на империјалните сили. Во добата кога е колонизирана Африка, народите во другите држави веќе доживеале големи културолошки промени.  Африка останала лесен плен за тие сили, бидејќи била се уште културолошки неразвиена. Луѓето кои живееле племенски во речиси праисториски услови, разединети едни од други, па дури и во меѓусебна војна станале прелесен залак за големите. Тие луѓе по нивното колонизирање станале робови и биле распродавани, најчесто во Северна и Јужна Америка.

По поминати речиси 200 години тогашните власти решиле да го укинат тој робовладетелски систем бидејќи ниту едно човечко битие не заслужува да биде роб или помалку човек од тие со различна боја на кожа. Требало долго време општествениот расизам да се сведе на минимум, каде секојдневните луѓе гледале дискриминаторски во однос на таканаречените “црни” луѓе. Иако сведен на минимум за разлика од минатото, тој сеуште постои.

Зошто постои? Затоа што на човекот во природата му е да мрази.  Мрази се она со кое што не може да се соочи, се она кое е подобро од него и кое не може да го победи. Обично овие карактеристики виреат кај недоволно развиени културолошки индивидуи. Тие секогаш си избираат оправдување за нивната омраза. Некогаш тоа е боја на кожа, боја на коса, раст, пол возраст, етникум, религија и безброј други причини. Секако дека расистот може да биде било каков, со било каква боја на кожа.

Но според радикалната левица, расист може да биде само “бел” човек. Да бидеме реални, тие што практицирале робовладетелство, а и тие што биле окупирани па претворени во робови веќе не се помеѓу живите. Така да ниеден “бел” човек што е потомок на робовладетели не е крив за нивните злодела, ниту пак ниеден “црн” човек што е потомок на роб не е роб. Замислете пак некој кој доаѓа од некој дел на светот каде што неговиот народ никогаш немал контакт со “црни” луѓе, ниту пак неговата држава имала робовладетелско или пак дискриминирачко минато. Тој според радикалните левичари по автоматизам е расист и привилегиран човек само затоа што е “бел”. Постојат многу “бели” луѓе низ светот кои живеат во субстандартни услови кои се далеку полоши од услови во кои живеат некои “црни луѓе”. Нашата нијанса на кожа не го создава нашиот статус во општеството, особено во денешницата.

Заради таквите левичарски пропаганди денеска некои луѓе си го разбираат својот животен неуспех како последица од расизам. Таквото размислување раѓа омраза кон “белите” луѓе, која резултира назад со омраза. Левичарите наместо да обединуваат имаат агенда да разединуваат. Омразата раѓа само омраза. Пробуваат да залепат етикета на секој оној што не им одговара на нивната идеологија. На секој оној што ќе го изговори зборот црно. Никој не треба да се плаши да каже црно кога го употребува во перцепција на боја, а не врз основа на расизам.

Кога ќе се запраша човек зашто им одговараме разединети, ќе дојде до заклучок дека само како такви сме послаби. Сите, без разликана нашата кожа. Како послаби им одговараме за полесно да ги уништат нашите конзервативни убедувања, да ни наметнат нивни идеологии кои не ги прифаќаме, да ја растурат традицијата, да ја растурат вербата и да го растурат семејството. Едноставно, сакаат од нас да направат робови кои ќе служат на државата и ќе сркаат се што државата ќе им приложи. Државата треба да слугува на луѓето и на нивните интереси, а не луѓето да слугуваат на државата. Робовладетелскиот систем не треба да се врати никогаш повеќе.

Наместо лажните пропагирања на левичарите кои создаваат раздор од кога постојат, ние треба да градиме сплотување. Левичарите сакаат да го избришат минатото и да презентираат тоа што ним им одговара. Но сите ние треба да ја знаеме вистината, колку и да била лоша. Сепак од неа учиме како да се справиме со општествени проблеми кои веќе се случиле и како да градиме подобро утре.

Самото тврдење дека “белиот” човек е расист по автоматизам е расистичко размислување. Никој од нас не може да одбере каков ќе се роди и никој од нас не влече гревови од минатото на нашите предци. Не постојат бели и црни луѓе туку само луѓе. Секој оној што протажира важност на одредени животи повеќе од други, без разлика дали се “црни” или “бели” тој е расист, бидејќи сите животи се еднакви.

Модерните конзервативци не ги делат луѓето по боја на кожа или етникум и не осудуваат според минато, тие учат од историјата и ги отврлаат сите негативни елементи кои се случиле. Тие целат кон зачувување на традицијата и традиционалните вредности кои би не направиле посилни и не би дозволиле да станеме робови на државата. Модерниот конзервативизам цели кон подобро утре и подобро општество каде ќе се цени моралот на луѓето, а нема да се промовира разединување и нема да има место за расизмот.

Intrauterine devices Image courtesy of Blausen Medical Communications. cialis Mifepristone RU Mifepristone is a medicine developed in France in When is emergency contraception used.