• 30.07.2021 15:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Тамара Митковска – „Како државата создава млади криминалци?“

BySarissa Editor

Feb 17, 2021

Под поимот млад криминалец се подразбира секое лице кое извршило кривично дело до одредена старосна граница, која кај нас е до 18 годишна возраст, додека во други земји е до 21 година. Во широкиот спектар на малолетен криминал спаѓаат и малолетните деликвенти кои според своето однесување се дел од оваа група, но сепак немаат извршено посериозно кривично дело. Пример за кривичните дејства за кои законски се одговара  може да бидат кражби, продавање на дроги и психотропни супстанци и слично, додека примери за девијантно однесување може да бидат конзумирањето алкохол, пушењето цигари и бегањето од училиште. Од она кое што го гледаме во нашето секојдневие може да заклучиме дека криминалитетот и девијантното однесување кај малолетниците е во пораст, но зошто е тоа така?

Постојат многу фактори на кои треба да се посвети повеќе вниманиe, а еден од  нив е и притисокот од страна на врсниците. Тој не е присутен бидејќи сите уживаат во алкохол и цигари, туку бидејќи на тој начин тие можат да се вклопат во своето ново опкружување. Секако не е исправно да се подлегне под туѓото влијание, но и не можеме да обвиниме никој во вакво сценарио, сепак секој човек има желба да припаѓа и да е дел од општеството, а во тој случај секако се истакнува и улогата на родителите.

Доколку во домот е присутно психичко, физичко или сексуално насилство, криминално однесување, така се зголемува веројатноста и самото дете да се однесува на тој начин. Ако детето израсне во стабилен дом и свеста за последиците од алкохолот, цигарите и дрогата е на високо ниво, тогаш децата нема да имаат воопшто потреба да се акумулираат во такво општество.

Улогата на државата исто така не смее да биде запоставена. Таа треба да обезбеди добар и стабилен живот за родителите  подоцна да овозможат подобар живот за своите деца. Државите кои се со висока стапка на корупција, непотизам, мито, непочитување на законите, ниски плати, доведуваат до незадоволни родители, а со тоа и незадоволни деца Онаму каде квалитетот на живот е на ниско ниво и децата како идни генерации се осврнуваат на криминалот како начин за стекнување на “финансиска помош“ и девијантното однесување, како начин за справување со проблемите.

Понатаму, институциите во самата држава кои не делуваат превентивно, немаат јасна стратегија и со тоа не се залагаат доволно за идните генерации, не преземаат мерки за новите генерации, туку ги казнуваат. Училиштата се и воспитини и образовни институции и треба да бидат присутни за секој пропуст кои го имале родителите при воспитувањето на детето. За жал, овие мерки особено изостануваат онаму каде високото ниво на корумпираност е присутно  во образованието, каде професори кои не се доволно квалификувани се вработуваат поради своите симпатии кон владеачката партија која е во тој даден момент на власт.

Во период на зголемен процент на развиена корупција во нашата држава, образовен систем заснован на политика наместо на квалификации, децата кои растат во вакви околности и кои подоцна ќе ги одгледаат своите деца исто како што биле одгледани и тие, постои систем кој не ги учи децата како да станат „луѓе“, туку како да прераснат во криминалци кои ќе бидат идни предводници на државата.