• 21.04.2021 17:42

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Љупчо Цветановски – „Трчи-лажи, по урнек на лидерот Зоки…“

BySarissa Editor

Jan 29, 2021

Мислевте дека сме го достигнале дното? Јок, може и подолу и подолу и подолу… Со Заев и СДССС, тонењето е бесплатно и загарантирано, башка докажано. МОЖАТ, ама дефинитивно. Да не се лажеме, со ваква армија лажговци, лажи-лебу неспособњаковиќи, трчи-лажи пропагандисти и исполнувачи на туѓи желби, дното нема граница.

Ви текнува кога Злорада Пелинска им посака на нашите питомци од Академијата „Небото да ви биде граница“?! Е, со такви НАЈдијали си имаме работа. Да, сега небото е границата на нашите пилоти, па затоа истото ни го бранат Грците. А дното, е него по се’ изгледа ќе ни го чуваат Бугарите. Читај, одредат…

По Нова година, лошо претчувство ме зафати кога сменија еден член на комисијата за историја. И случајно, беше еден од најгласните против какво и да е прифаќање на бугарските идиотштини. Ок, не е за најпрошка, ама порано бил и прокомуњарски расположен, но некои разоШарани си имаат „касно палење“, па подобро некогаш отколку никогаш. Ко Заевци, на пример…

И замисли, само што го сменија членот, случајно и апансас го сменија и јазикот на кој требаше и мораше да бидат потпишувани записниците на и онака парадоксалната и непотребна Мешовита комисија за историја. Експресно ПОТПУШИЈА и ПОТПИШАА дека Бугарите можеле да пишат и некаков си „службен јазик“ на уште понекаква си РСМ? Случајно, а? Ајт бе, гитла таму, исто толку случајно ко што Немила Царовска побара итни реформи кога Бојко, Красе и Екатерина запнаа дека мора да ја смениме историјата во учебниците. Веројатно, мислат дека целиот народ е на ниво со IQ-то на оние „ДА, ШЕФЕ“ подлизурковци што „оком-скоком“ распаметени за тендерче скокаат околу нив.

И пази, пази (ок, внимавај, ама вака е поефектно), се јави еден член комисиски, избрана на Екс Бихаќка и срочи: „И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”?!?!?!?!!

Ауууу! Ајде беееееее, па да не очекуваме, ту-туууу, многу силни кога Зоран Корисниот е зад вас, а? А со што се занимавате? А зошто со тоа се занимавате? Заради идиотските национал-шовинистичко фашистички барања на „соседите“ и ќефот на Заев да глуми дека води држава? Ајт таму, ако работите нешто, ќе си го работите по правилата на државата која ја претставувате, на нејзиниот јазик. МАКЕДОНСКИ. ТОЧКА.

Башка, ако ви текнува, Македонија поради глупоста на вашите ментори од СДСССС има два службени јазици (и тој над 20% што е реално 13 % и заради кој процент и ќе штелувате Попис, е службен по Устав). Ај ќе ве испитаме, дали знаете албански, баш ме  интересира, извршители политиканско-историски. И не заборавајте, ЗЗ нема за навек да биде таму, а одговорност ќе мора да има. Нека не ве лаже умот и историчари се испраќаат во историја. И во ред други инститтуции. Тенковски делови може и застаруваат, ама предавството е вечно. И на овој, и на оној свет. Прашајте го Алигиери, во кој круг само…

И луѓе, ајде да ги смениме Заевци, крајно време е. Велат, ни го забетонирале идентитетот. Им стои то бетонот. Ви текнува на прикаската за мафијашите и непреболот по бетонски кондурчиња?

А не’ „бетонираат“, постојано. Ни сменија име на држава, ни променија Устав, ни донесоа двојазичност, ќе ни менуваат историја, ќе ни штелуваат попис, ќе ни уништат образование, економија во бездна, држава во банкрот, кај и да е ќе не умрат со здравството и со вакцини во 2025-та и „мишн комплит“, што повеќе „бетон“ треба да направат за да се свестиме?

Ајде, хилтите в раце и на улица да ги разбетонираме од „Илинденска“ бр. 2, на која и онака се насила насадени, пред национално да не забетонираат, ама СКРОЗ…

Да, најтажната работа со предавството е дека никогаш не доаѓа од непријателите. Доаѓа од „нашите“, овојпат натоварени и со вреќи цемент…

Колумната е оригинално објавена на порталот Курир.