• 15.04.2021 09:52

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Кондолиза Рајс – Државен секретар, Советник за национална безбедност, Професорка

Како поддршка за одбележување на деновите против насилството врз жените, денешниот ден го посветуваме на Кондолиза Рајс, пионерка во областа на меѓународните односи и безбедноста.

Кондолиза Рајс, (родена на 14 ноември 1954 година, Бирмингем, Алабама, САД), е американска просветена работничка и политичарка, која служеше како Советник за национална безбедност (2001–05) и Државен секретар (2005–09) на американскиот претседател Џорџ Буш.

На 15-годишна возраст Рајс сезапишува на Универзитетот во Денвер. Иако размислувала за кариера како концертна пијанистка, се одлучи за изучување на меѓународните односи, заработувајќи диплома од таа областво 1974 година. Подоцна се стекнува со магистер по економија на Универзитетот Нотер Дам и докторат (1981) за меѓународни односи на Универзитетот Денвер, каде што нејзината специјалност беше источна и централна Европа и Советскиот Сојуз, вклучително и воени и безбедносни работи. Рајс се приклучува на Универзитетот Стенфорд во 1981 година. Во 1986 година работела како асистент во Генералштабот за нуклеарна стратегија. За време на администрацијата на претседателот Џорџ Х.В. Буш била Директор за советски и источноевропски работи во Советот за национална безбедност и Специјален асистент на претседателот. Во 1991 година, Рајс се враќа во Стенфорд и во 1993 година започнува да работи како Провост, го раководи буџетот на универзитетот и наставната програма за додипломски студии. Во 1999 година Рајс го напушта Стенфорд и станува Советник за надворешна политика на претседателската кампања на Џорџ В. Буш, а по неговиот избор беше именувана за Шеф на Советот за национална безбедност, првата жена што ја извршува оваа функција. По нападите на 11 септември во 2001 година, таа се покажа како важен и влијателен советник на Буш. Таа ги поддржуваше нападите предводени од САД врз терористички и талибански цели во Авганистан (2001 година) и се приклони кон тврдокорните мислења кои се залагаа за соборување на ирачкиот претседател Садам Хусеин. Кога администрацијата се соочи со критики за Војаната во Ирак и справувањето со терористичките закани пред 11 септември 2001 година, Рајс енергично ја бранеше политиката на Претседателот.

Во 2005 година Рајс го наследи Колин Пауел како државен секретар, станувајќи првата афроамериканка што ја извршува оваа функцијата. За време на својот мандат, Рајс ја убеди Северна Кореја да се врати на преговорите за укинување на програмата за нуклеарно оружје водеше интензивен напор за промовирање на демократијата во Блискиот исток. Таа исто така им се придружи на европските Министри за надворешни работи во барањето за санкции против Иран, откако Иран не ја запре својата нуклеарна програма и не дозволи посета на меѓународна инспекција на нејзините нуклеарни постројки.

По напуштањето на функцијата во 2009 година, Кондолиза Рајс се врати да работи во Универзитетот Стенфорд. Во 2012 година таа беше една од првите две жени кои беа примени како членови на Националниот голф-клуб Аугуста.

Во списите на Рајс се вклучени Советскиот сојуз и Чехословачката армија, 1948–1983: Неизвесна верност, Германија обединета и Европа преобразена: Студија за статистика и Демократија: приказни од долгиот пат до слободата . Нејзините автобиографии се „Вонредни, обични луѓе: Мемоар на семејството“, што го прикажува нејзиниот живот – особено нејзините рани години во време на сегрегацијата на Алабама и „Нема повисока чест: мемоар од моите години во Вашингтон“.