• 04.08.2021 11:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Конзервативизмот – чувар на традицијата

BySarissa Editor

Dec 9, 2020
Лејла Рајкова

Живееме во модерно општество, во ера на висока технологија, во многу динамичен и бурен свет кој што реално е многу тешко да се следи. Секојдневие исполнето со динамика, напнатост, сложеност и компликации. Во овој модерен, динамичен и брз напредок заборавивме кои сме и од каде сме. Заборавивме на нашите вредности, на нашата традиција, на нашите корени, заборавивме на оние кои биле пред нас и ни го оставиле тоа што го имаме денеска да го негуваме и чуваме, и да го предаваме од колено на колено. Човековите вредости се столбот на едно здраво и напредно општество затоа не треба да се занемарат човековите вредности.

Затоа е тука конзервативизмот да не потсети малку за самите себе. Конзервативизмот како идеологија во својата основа е како чувар и одржувач на веќе постоечките облици на вредностите во животот. Тој ги чува традиционалните вредности, има поглед кон минатото за подобра иднина, како темели на општествениот живот ги негува моралот, религијата, семејството и традицијата која ни ја оставиле нашите предци.

Во овој модерен свет, младите ги заборавија темелните вредности на едно општество брзајќи напред кон иднината. Ние имаме традиција, ние имаме длабоки корени и голема историја која не треба никогаш да ја заборавиме. Нашите предци се бореле за нас и за подобра иднина, треба и ние малку да дадеме од себе да не се заборавиме кои сме и да нагласиме дека на ова тло сме одамна.

Затоа, тука сме ние конзервативците да ги потсетиме и да ги разбудиме чувствата во секој од нас, за традицијата и за нашите корени, да потсетиме дека вредностите во животот треба и мора да се почитуваат за да имаме мирен живот и подобра иднина.

Не смееме да се откажеме од тоа што сме, не смееме да се откажеме од традицијата, не смееме да се откажеме од темелните вредности на едно здраво општество туку да се разбудиме и да го негуваме и чуваме тоа што го имаме од нашите предци.