• 04.08.2021 04:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Конзервативните вредности можат само да го подобрат општеството, не да го вратат наназад

BySarissa Editor

Nov 20, 2020

На првиот настан во Штип како дел од караванот на Институтот Сариса,  м-р Сашо Марковски, на темата на панел дискусијата „Политиките и вредностите на конзервативизмот“, во своето говорење истакна неколку поенти за конзервативизмот и вредностите кои ги налага општественото дејствување и живеење.

Неколку поенти од обраќањето на м-р Сашо Марковски:

-Покрај нашите цели кои се да ја промовираме конзервативната мисла и идеја, како и националниот идентитет, но и културата која е неизоставен дел од истиот, се залагаме за почитување на човековите права, како и економски просперитет за сите граѓани.

-Како центар-десно идеолошка премиса, нашиот Институт ја има задачата да ги промени предрасудите кои постојат за конзервативната идеологија на размислување или начин на однесување, па и да убеди дека во нашето општество сеуште има остатоци од еден поранешен систем, чии корени се длабоко вметнати, па треба да делуваме во насока да ги промениме тие размислувања.

-Новите генерации и младите луѓе се ти кои ја носат промената, а „оние кои се десно се впрочем често во право“, како што се вели. Насушната потреба од промени кои ќе бидат на стабилни основи, како и функционалноста на институциите се често и најголеми критики кон либералните влади сега во светот, ние не изостануваме кон тие проблеми, па по тоа недовербата кон системот или кон владите е зголемена, па затоа ценам дека на општеството му се потребни реални основи кои потекнуваат од вистински вредности за да може стабилно да се движи напред.

-Само со конзервативен пристап и подобрување на грешките можеме да изградиме компетентност на системот. Да не се заборави дека само еден конзервативец беше доволен за да се роди идејата за Европската унија која стана економски силна унија.

-Често за конзервативната идеологија се вели дека е идеологија која оди наназад, но тоа е дискредитирана теза затоа што е тотално спротивното, на пример конзервативците веруваат во семејни вредности ,а нема семејство кое не сака да има чиста вода за пиење, или да диши чист воздух, како и да биде еко-френдли со природата, тоа не произлегува од либералната мисла, туку е право на секој човек кое државата треба да се погрижи да го обезбедува, а воедно е и семејна вредност да се грижиш за околината и луѓето.

-Не се точни ни предрасудите дека конзервативците се хомофоби, радикални или ксенофобични, туку баш спротивното во ера на модерно време воспоставувањето на нормални и вредносни системи на функционирање кои имаат добра традиционална основа се покажале дека се поуспешни – истакна Сашо Марковски во своето обраќање кон учесниците на панел дискусијата.

Снимка од панел дискусијата од првиот дел од Конзервативниот караван на Сариса