• 21.04.2021 08:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Курц: Австрија ќе се заложи Македонија да почне преговори со ЕУ за време на португалското претседателство

BySarissa Editor

Feb 2, 2021

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе се заложи Македонија и Албанија во првата половина на оваа година да почнат преговор со Европската унија, за време на претседателствувањето на Португалија. Тој во интервјуто за Кордмагзин, вели дека одложувањето на процесот на проширување само ќе и наштети и на Европската инија и на регионот.

„Австрија продолжува да го поддржува регионот за полноправно членство во Европската Унија. Северна Македонија на пример, се разви во земја кандидатка која е за пример на другите, и за жал лани не беше можно да ги почне преговорите. Австрија ќе се заложи за почнување на долго одложуваните преговори за членство и на Македонија и на Албанија во првата половина на оваа година“, рече Курц.

Австрискиот канцелар вели дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е нивна стратешка цел.

„Ние само ќе изгубиме ако има непотребни одложувања во просецот на проширување. Иднината на целиот регион лежи во ЕУ, и наш стратешки интерес е да го донесеме регионот во ЕУ колку што е можно побрзо“, изјави Курц.

Тој во интервјуто вели дека Австрија останува пријател на земјите од Западен Балкан и во време на криза и дека земјите ја имаат нивната поддршка во борбата со ковид 19 пандемијата.

„Австрија ќе им помогне на земјите од Западен Балкан во обезбедувањето на вакцините. Неодамна ветивме 2,4 милиони евра за Ковакс иницијативата, додека ЕУ неодмана одбри 70 милиони евра, кои се на располагање за финансирање на директна помош за вакцини за земјите од Западен Балкан. Вакцинацијата ќе биде решавачка за да се стави крај на пандемијата и да се почне со социо-економско закрепнување“, вели Курц.