• 03.08.2021 20:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(ВИДЕО) ЛГБТ активисти лаеја како кучиња на католичка кампања во Варшава

Bysrs-editor

Jul 15, 2021

Припадници на младинската католочка група “Crusade of the Young” кои беа вклучени во собирање потписи за петицијата за спречување на законите поврзани со легализација на некои ЛГБТ активности во Полска, беа спречени во своите активности кога поголем број на лица почнаа да лаат кон нив и непристојно да се однесуваат кон нив.

Информативната кампања на младите католици, кои делеа флаери и разговараа со присутните волонтери и граѓани, беше под мотото во одбрана на семејниот и општествениот морал. И покрај тоа што кампањата беше мирна и привлекуваше голем број на заинтересирани граѓани, беше привремено прекината заради малтретирањето и непристојното однесување на ЛГБТ активистите.